Муслиу: Резултатите после првиот круг не се драматични, но е сериозна порака за власта

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Иако во втор круг се почнува од нула, пораката е испратена и таа треба да се земе во предвид, каква што е, вели политичакиот аналитичар, Алберт Муслиу во гостувањето на емисијата „Топ тема“, коментирајќи ги вчерашните изборни резултати после првиот круг.

Според него, во 2017 година СДСМ постигна резултат, кој сами не го очекувале.

-Ова е рефлексија на тоа. Граѓаните кажаа дека не се задоволни од многу градоначалници кои не ги спроведуваа политиките. За големите теми се расправуваше пред 12 месеци. Резултатот не е драматичен, но е сериозна порака до владината гарнитура. Дали да се сменат некои личности или ефикасноста ќе видиме, кажа Муслиу.

Слични содржини