Муслиу: За Петков Македонија е виртуелна тема и вентил

од Берта Китинска
186 прегледи

ЕК има јасен став дека некои држави ќе имаат стопирање на фондовите после ковид-кризата. Неколку милијарди ѝ следуваат на Бугарија, има забрана за нив додека не се надмине спорот со нас. Не е тоа толку наивно, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

-Се надевам дека нема ѝ другите да се закачат во Бугарија, па да испаднеме со приказната на Каракачанов. Колку и Македонија да е главна тема, сметам дека парите им се побитна тема во Бугарија. Секогаш е најлесно виртуелни теми да нафрлате. Мислам дека тоа му е вентилот. Ова е тема каде што слободно можете да си кажете и да измислувате разни изговори. Затоа лидерот на „ИТН“ Слави Трифонов ги поврза Македонија и фондовите од ЕУ, вели Муслиу во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини