Муслиу за пописот: Се удираме во гради за ЕУ, а европските манири не ги земаме во предвид

од Nikola Popovski
202 прегледи

„Кај нас подготвителната фаза на пописот иде многу тешко. Сите се закопаа во ровови и не ги менуваа ставовите. Многу се удиравме во гради за ЕУ, а европските манири не ги земаме во предвид“, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Според него, не е проблем пописот да биде електронски и тоа не би чинело нешто многу.

„Пописот е битен за да знаеме колку имаме жители, затоа што и на локално ниво, треба да се прават програми, од кои треба да имаме бенефит. Жално е што во некое средно училиште по општините има по 10 ученици, а по други има по 40 и тоа е резултат на миграција. Таа не е нешто што ќе ги изненади нашите политичари“, изјави Муслиу.

Слични содржини