„Must have“ или што мора да имате во гардероберот

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Шопингот е омилен на сите дами, особено во слободен ден. Убаво време, чаша од омиленoтo кафе и сме подготвени за нови модни предизвици. Со радост ja споделуваме нашата нова рубрика “Must have”.

Во неа ќе ги видите актуелните модни предлози и идеи за тоа како да се збогати вашиот имиџ. Акцентите сезонава, како и со што може да ги комбинирате.7f08a797f6e4dc43713b6d5866b5e19b

За есен-зима 2016-2017 бројни модни брендови им нудат на дамите да носат обемни здолништа со висока половина. Ткаенините се различни, боите и дезените исто така. Затоа пополнете ја вашата колекција во гардероба со таков модел кој ќе ви биде најпогоден за комбинирање.29f3713c7c905bbb1197105a74cec5e6

Чевлите во црно-бело со анимал или геометриски фигури исто така ќе бидат актуелни за следните сезони. Ова важи и за чантите со рачки и слични синџири.d8d063b04d4c54379d2becbb33aba430

Фармерките со  скинатата линија или бојфренд модели ќе ги носиме со кошули.

Велур  чевли во класичен модел ќе ја завршуваат нашата визија. Во сино, корал, виолетова.

И не на последно место панталоните со цветни мотиви. Чарлстонот се враќа како линија, но вие можете да изберете и такви кои се стеснуваат и стигнуваат до глуждот. Повторно имаме комбинација со велур чевли.64927abf83a4c3e624801c90b63e884b

Кога цветните мотиви се во различни бои, секоја од нив може да ја изберете како боја за финиш со додатоци.

Кружните чанти од кожа или лак во светли или пастелни бои, кои потсетуваат на 70-тите, треба да ги имаме.

Слики: facebook Atlantic-Pacific