Мустафа за формирањето на косовската војска, Србите неинформирани

од desk3
79 прегледи

Косовскиот премиер Иса Мустафа најави дека многу брзо ќе бидат формирани косовските вооружени сили, без да наведе дали за тоа е постигнат некаков договор со претставниците на Србите во косовскиот парламент, пишува денеска „Зери“, пренесува Танјуг

Original caption: Fighting continues while at Rambouillet, the parties involved have still not signed an agreement. February 23, 1999 BUKOS, KOSOVO, Yugoslavia

– Работиме на воспоставување на косовската војска. Тоа ќе биде војка на европско ниво и ќе биде примена во НАТО, рече неодамна Мустафа.

Истовремено, претставниците на Србите тврдат дека никој за тоа не разговарал со нив.

„Зери“ наведува, дека српските претставници сметале дека изјавите на косовските политичари за скоро формирање на косовска војска се „несериозни“.

Ердоган ќе ја намалува невработеноста: Секоја компанија да вработи по еден невработен

Косовскиот заменик-министер на локалната управа и советник на премиерот Бајрам Гецај порача, како што пренесува приштинскиот весник, дека „косовската војска ќе биде формирана на еден или на друг начин“.

-Тешко е да се каже кога ќе се случи, бидејќи мораме да постигнеме договор со пратениците од таа заедница. Верувам дека постои општ консензус меѓу косовските политички партии./МИА