Мустафи и Селмани од АВАЈА на средби со поранешниот претседател Обама во Копенхаген

од Vladimir Zorba

Учесничката на програмата Европски лидери на Фондацијата Обама, Селвије Мустафи, денес учествува на завршна сесија на тема „Демократско организирање во дигиталната ера” на Демократскиот самит во Копенхаген со поранешниот претседател Барак Обама. Утре, заедно со Дениз Селмани од генерацијата Обама Европски лидери 2020, ќе учествуваат на интерактивна работилница со Обама каде што ќе се осврнат на предизвиците со кои се соочуваат лидерите во нивните региони и ќе споделат идеи и искуства за напредок кое ќе има големо влијание во развивање и зајакнување на демократските општества.

Мустафи, со уште двајца учесници на програмата Европски лидери на Фондацијата Обама, ќе разговараат за иновативните пристапи за зајакнување на учеството во демократијата и зајакнување на институциите во ерата на дигиталните информации. За да ја следите сесијата во живо, посетете го CopenhagenDemocracySummit.com во 16 часот по средноевропско време.

Селвије Мустафи е национален грасрут организатор на најголемото ромско движење во Северна Македонија, Аваја и дел од поширокото транснационално движење на Ромите во Европа во улога на тренер (помагајќи им на останатите национални ромски движења низ Европа да ги развијат своите стратегии за организирање на заедницата).

Од неодамна, таа е претседател на организацијата Романо Авази чија цел е да ја зајакне и мобилизира ромска заедница за заедницата да биде дел од процесот на одлучување на локално, регионално и национално ниво. Една од нејзините цели е да зајакне и инспирира други млади луѓе во ромската заедница и со тоа да генерира лидери кои ќе работат за колективниот интерес на ромската заедница.

Повеќе од 60 учесници на програмата „Обама лидери 2020 и 2022″ ќе се сретнат во Копенхаген на состанок организиран од Фондацијата Обама од 9 до 11 јуни 2022. Ова претставува прв собир на двете генерации од програмата во Европа од нејзиното започнување во 2020 година поради КОВИД-19 рестрикциите. По Самитот за демократија во Копенхаген, Мустафи од генерацијата Обама Европски лидери 2022 заедно со Дениз Селмани од генерацијата Обама Европски лидери 2020 ќе учествуваат на интерактивна работилница со поранешниот претседател Обама.

Слични содржини