Беспрекорно одржувани мустаќи како на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се многу модерни меѓу министрите и неговата Партија за правда и развој (АКП).
Сличен имиџ имаат и министрите за култура, економија, надворешни работи, а исто и премиерот Бинали Јилдирим.Ердогановски мустаќи носи и премиерот Бинали Јилдирим.
Во Турција мустаќите традиционално се сметаат за симбол на машкоста, но во денешно време тие се гледаат и како белег на сериозност и цврстина во политиката. Националистите носат долги мустаќи во форма на буквата П, додека носителите на левичарски идеи имаат дебели и густи мустаќи.
“Не е случајно што оваа земја мустаќите и брадата имаат политичко знамение. Овој период во кој Турција се бори против терористичките организации и особено во периодот меѓу превратот, мустаќите создаваат силен и строг изглед “, изјави проф. Месут Сен од истанбулскиот Универзитет Мармара.