Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски го осуди вандализмот врз автомобилот на поранешната претседателка на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева.
„Како градоначалник на Општина Аеродром и како граѓанин, пред сè, го осудувам вандалскиот чин кон госпоѓа Љубица Јанчева. Во нашата oпштина ова не смее да се случува. Досега неколкупати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром, слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата, но не добиваме никаков одговор. Во мојата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работиме со сите сили за една поинаква општина на која сите ќе бидеме горди. Замолувам да не се политизираат ваквите вандалски случувања“, се вели во реакцијата на Муцунски.
Јанчева денеска информираше дека ѝ бил оштетен автомобилот.
Таа во населбата Аеродром на паркинг го нашла својот автомобил испрскан и залепен со пурпена.