Муцунски ќе спроведе анкета за воведување зонско паркирање во стар Аеродром и Ново Лисиче

од Берта Китинска

Утрово заедно со директорот на ЈП Градски Паркинг Бојан Христовски направивме обиколка низ нашата општина и разговаравме за воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Аеродром, информиршае градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Ги поминавме сите критични точки за паркирање во нашата општина и се обврзавме дека ќе излеземе во пресрет на локалните жители. Токму затоа во наредниот период како Општина Аеродром планираме да преземеме конкретни чекори и спроведување анкета преку урбаните заедници односно куќните совети/управителите на станбените објекти кои не се опфатени со зонското паркирање. Доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање тогаш ќе воведеме на повеќе места како Стар Аеродром и Ново Лисиче.
Освен воведувањето зонско паркирање планираме да започнеме и со имплементација на она што го ветивме во предизборната кампања, воведување на косо паркирање што ќе обезбеди уште поголем број на места за паркирање.Еден од најголемите проблеми на аеродромци е паркинг просторот и заедно со ЈП Градски Паркинг ќе изнајдеме решение кое ќе биде прифатливо за сите, соопшти Муцунски.

Слични содржини