Муцунски нов потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, аналитичарот Клековски и актерот Љутков дел од ИК

од Nikola Popovski
193 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги престави новите потпретседатели на партијата, како и членови на Извршниот комитет.

Нови потпретседатели се Тимчо Муцунски и Гордана Димитриевска-Кочовска.

-Тоа се двајцата нови, со што вкупниот број ќе биде 4. Остануваат Владо Мисајловски и Александар Николовски, кои се борци против оваа влада, информира Мицкоски на прес-конференција.

Мицкоски соопшти дека има 11 нови членови на Извршниот комитет, а меѓу најпознатите имиња се политичкиот аналитичар Сашо Клековски, актерот Зоран Љутков, Маја Кадиевска Војновиќ – поранешна гувернерка на Народна банка, како и докторот Ристо Симеонов.

-Сајкоски останува генсек на партијата. Сега имаме засилен и проширен ИК, кој ќе има задача да се бори за принципите на ВМРО, за да ја прошириме нашата заложба за промени, додаде претседателот на партијата.