МВП на финалето на НБА: „Изненаден сум од наградата, ова е тимска победа“

од Vladimir Zorba
2,6K прегледи

Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун изјави дека Селтикси заедно како тим стигнале до шампионската титула во НБА лигата, без разлика на неговите индивидуални признанија.

Кошаркарите на Бостон ја освоија титулата во НБА лигата, откако вечерва во петтиот натпревар од финалната серија го совладаа Далас со 106:88. Бостон со победничка серија од 4:1 стигна до 18. титула во клупската историја.

Браун беше прогласен за најкорисен играч (MVP) во финалната серија.

„Ги направивме сите потребни жртви. Игравме добро на двата краја на теренот, без ниту еден погрешен чекор. МВП трофејот можеше да му припадне на секого, можеше да му припадне на Џејсон Тејтум. Тоа го направивме заедно, како тим. Заслужено ја освоивме титулата“, изјави Браун и додаде:

„Наградата ме изненади, бидејќи никогаш ништо не освојувам. Гледам како се фалат некои други кошаркари, но чувствувам и знам дека имам повеќе талент кога е во прашање играта “на двете страни на теренот”. Во овој момент во животот едноставно прифаќам се – и добро и лошо“.

Тренерот на Бостон, Џо Мазула изјави дека е убаво чувството да се освои шампионскиот прстен.

„Не ги губам од вид луѓето кои ни помогнаа, играчите кои играа со нас, луѓето кои работеа со нас. Темелната работа со овие играчи во изминатите седум години е една од причините за нашиот успех денес“, рече Мазула.

Тој истакна дека Браун е еден од најдобрите кошаркари во светот.

„Џејлен е симбол на победнички менталитет. Тој не се плаши постојано да се става во тешки позиции, да биде на местата каде што секој играч е најранлив. Тој едноставно знае како да „преживее“, да преживее во тешки ситуации. беше неправедно заобиколен со пофалби и награди. Тој е еден од најдобрите во овој спорт“, изјави Мазула.

Слични содржини