МВР: 168 санкции за брзо возење

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час.

Притоа, 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.