МВР: 172 санкции за брзо возење

од Vladimir Zorba
414 прегледи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 96 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.