МВР: 212 санкционирани возачи во Скопје, 76 за брзо возење

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 212 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест за возење под дејство на алкохол, осум мерки за нерегистрирани возила…