МВР: 243 сообраќајни прекршоци во Скопје, 82 за брзо возење

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за управување под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…