МВР: 253 сообраќајни прекршоци во Скопје, 56 санкционирани возачи на мотоцикли

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 за управување под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.