МВР: 300 санкционирани возачи во Скопје, 57 за брзо возење

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 300 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 56 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло).

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.