МВР: 583 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 07.08.2021 до 07.00 часот денеска (08.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 583 полициски службеници, реализирани 202 мото-патроли и користени 172 возила.

Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјлни единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите.

На (07.08.2021) од страна на полициски службеници биле лишени од слобода три лица, поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој во 05.28 часот ….