Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 06.08.2021 до 07.00 часот денеска (07.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 616 полициски службеници, како и 224 мото-патроли и 189 возила, соопшти МВР.
На 06.08.2021 во 19.05 часот, во врска со пожарот во с.Добридол, гостиварско, кој е локализиран, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(34) од истото село. Поради постоење основано сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на посочениот период, во СВР Струмица-ОВР Радовиш, во врска со пријавениот настан – пожар од 06.08.2021 година во с. Дамјан, радовишко, бил лишен од слобода прво И.О(28), а набрзо потоа и С.А.(23), двајцата од с.Тополница. За случајот известен е и јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негови насоки се работи на расчистување на случајот, додаваат од Министерството.