МВР апелира да не се отвораат сомнителни линкови од СМС пораки

од desk2
29 прегледи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори.

Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални групи, појаснуваат од Секторот за компјутерски криминал.

„Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да постапуваат одговорно:
• Не отворајте линкови од сомнителни испраќачи;
• Не внесувајте лични податоци на непроверени страници;
• Не одговарајте на вакви пораки;
• Пријавете го случајот во најблиската полициска станица;
• Блокирајте го бројот на испраќачот.“, порачува
Секторот за компјутерски криминал при МВР.

Оттаму велат дека активно се преземаат мерки и се водат постапки во врска со вакви измами.