МВР презема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“, потврди портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Од итна помош информираат дека имаат две екипи на терен во тој дел од градот, но и тие немаат детални информации за евентуални повредени лица.
Поради судирите на македонската полиција со вооружената група во Куманово, покрај влезовите и излезите на градот, затворен е сообраќајот кон границата со Република Србија и раскрсницата која води кон Крива Паланка кон Бугарија.
