МВР бара две малолетнички кои синоќа го напуштиле семејниот дом, и минатиот месец биле пријавени за исчезнати

од Nikola Popovski
250 прегледи

Две малолетнички од струшкото село Мислешево го напуштиле семејниот дом, соопшти СВР Охрид. Случајот го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот.

-Во ОВР Струга, синоќа во 23 часот, Љ.П.(43) од село Мороишта, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.

Слични содржини