Утрово околу 00:05 часот во атар на с.Радибуш, Општина Ранковце, полициски службеници запреле патничко возило „Ауди 4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.И., а управувано од М.К.(26) од Скопје, а како сопатници биле Е.Л.(32) од Скопје и К.Т.(21) од Скопје.При преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „GAP“ калибар 9мм, пет куршуми и една рамка за пиштол, за кои немале никакви документи. По наредба на Јавен обвинител, одземено било и возилото. Лицата биле приведени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Х.(24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13 декември 2018 година во Велес полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин и метадон.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службена должност и овластување“ и против В.Ј.(39) и С.К.(48), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“. Во 2016, првопријавениот, во својство на управител на правно лице од Скопје, како увозник и сопственик на возило „Форд Ренџер“, за кое знаел дека не ги исполнува пропишаните услови и стандарди, односно не може да се регистрира и управува на територијата на РС Македонија, по извршена царинска постапка и добиена царинска декларација на име на правното лице, со непознато лице договорил изработка на странски договор за купопродажба на возилото со невистинита содржина, преку внесување на податоци за лице купувач кој е повратник од странство, како и да поднесе барање до Бирото за метрологија за отварање на постапка за идентификација на возилото, при што тој на непознатото лицето му дал примерок од странската фактура, странската сообраќајна дозвола на име државјанин на Холандија и времена странска сообраќајна дозвола на име на лице од Скопје. По ова, лицето, обезбедило потврда од управните служби во Ресен на име лице од Ресен, во кое е наведено дека е повратник од странство, по што изработил невистинита фактура во која биле внесени невистинити податоци за продавач на возилото како правно лице од Холандија, додека како купувач било лицето од Ресен. После тоа, ваквата документација лицето ја доставило во прилог до Бирото за метрологија, кое издало потврда за отварање на постапка за идентификација. По ова, првопријавениот, во име на правното лице од Скопје, ја приложил до правно лице заради спроведување на постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото, а В.Ј., во својство на вработен како технички испитувач и овластен потписник на документите за одобрување на регистрација за возила, ја спровел постапката за идентификација на возилото, без да ја утврди фактичката состојба и издал согласност за регистрација на возилото. На крај од целата постапка, пријавениот С.К., во својство на референт во Управни работи, издал регистарски таблички и возилото било пуштено во правниот промет и сообраќај на територијата на РС Македонија.
Вчера во 12:26 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека околу 12:05 часот во с.Кучково, М.Р.(74) од Скопје, додека вршел градежни работи во неговата семејна куќа (влечел котур со кабел), паднал и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт како последица од струен удар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.
На 20 јули 2019 година во Полициската станица Центар, Б.Б.(40) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
Синоќа во 21:46 часот во Полициската станица Центар, Д.С.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник на десната потколеница.
Утрово во 00:10 часот на автопатот Неготино-Демир Капија, Е.Ш.(41) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Мерцедес 400ЦДИ“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.М.(70) од Кавадарци и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Е.Ш. се здобила со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.
Во 02:20 часот утрово на бул.„Словенија“ во Скопје, Д.Н.(52) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Н. и сопатниците М.Д.(48) од Скопје и Н.С.(33) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Љ.Д.(46) од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.