МВР Билтен

Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Беласица“ се случил инцидент помеѓу З.П.(45) од Скопје и Д.С.(30) од Скопје. Извршен е разговор со нив и ќе бидат поднесени содветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарктични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 24 јули 2018 во Кичево, на местото викано „Китино Кале“, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Б.(33) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарктични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 30 март околу 20.40 часот на наплатна рампа во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген Голф“ што го управувал пријавениот. Кога го запрел возилото почнал да бега, при што во каналот за наводнување фрлил марихуана, мобилен телефон и пари. Набргу потоа бил приведен.
Завчера околу 12.30 часот во Полициската станица Свети Николе, З.М и Д.М. од с.Ерџелија, светиниколско, пријавиле дека биле измамени од непознато лице.
Според пријавеното, лицето дошло во нивниот дом и им понудило огревни дрва на продажба. После тоа, според пријавата, заедно со З.М. отишле во с.Ерџелија, каде наводно требало да пристигне камионот со дрва. После тоа, лицето се вратило назад во домот и од сопругата на З.М. ги земал парите и заминал. Се работи на расчистување на случајот.
На ул.„Нов Живот“ во Скопје, Ј.М.(20) од Скопје вчера утрото управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрило во М.М.(55) и малолетник од Скопје.
Во незгодата М.М. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 20 и 21 јули Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид во Охрид и Струга реализираше акциска сообраќајна контрола насочена кон лица што управуваат патнички возила под дејство на алкохол.
Притоа, кај 24 возачи (19 во Охрид и 5 во Струга) било утврдено присуство на алкохол во крвта поради што се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и поднесени се барања за поведување прекршочна постапка.
На 24 јули 2019 во 17.40 часот во Полициската станица Карпош, Б.Ј.(26) од Гостивар пријавил дека на ул.„Васил Чакаларов“ бил физички нападнат од А.А. и О.А. Се работи на расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против К.Т.(23) од село Тимјаник, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 24 април во село Копришница, демиркаписко, на место викано „Селиште“, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќата на пријавениот, при што пронашле и одзеле 12 патрони со калибар 12 милиметри, 10 патрони со калибар 16 милиметри и марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(21) од село Пршовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 17 април 2019 во атар на село Доброште, тетовско, на место викано „Ѓубриште’’, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, при што кај пријавениот пронашле и одзеле пиштол „PIETRO BERETTA“ со калибар 7,65 мм, за кој не поседувал соодветна дозвола.
На 24 јули 2019 во 04.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека пред клуб во Градски парк бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(22) од Скопје, М.А.(21) од Скопје, З.С.(39) од Скопје, Н.Ѓ.(22) од Скопје и М.Ѓ.(19) од Кочани, од една страна и М.Т.(28) од Скопје и Н.Д.(22) од Скопје, од друга страна.
Се работи на расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Љ.Т.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање на кредит или друга погодност“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“, против С.М.(53) од село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „соизвршелство“ во врска со „измама при добивање на кредит или друга погодност“ и „фалсификување исправа“ и против Ќ.П.(64) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Во текот на 2016, првопријавениот изготвил фиктивен купопродажен договор за патничко возило „Ауди А4“, увезено од Австрија, по што противправно набавил оригинално уверение за повратник на име И.Ј. и му ги предал на второпријавениот С.М., кој во јули 2016 година, фалсификуваната документација ја дал на третопријавената Ќ.П. за да ја употреби во правниот сообраќај. По ова, на 30.06.2016, третопријавената ваквата документација ја употребила во постапките за идентификација и регистрација на возилото на свое име, односно ја приложила во центар за возила во Скопје, Биро за метрологија во Скопје и во управните служби во Струга, по што на 26.07.2016 година била извршена регистрација на возилото.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Т.(40) од с. Тработивиште и правно лице со седиште во село Тработивиште поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“.
Во Делчево, на земјиште во сопственост на РСМ, пријавениот, во својство на управител на пријавеното правно лице, без одобрение за градење од надлежен орган на општина Делчево, извршил надградба на постоечки објект, со што постапил спротивно на одредбите од Законот за градење.
На 25 јули 2019 околу 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Даскал Камче“ настанал пожар во патничко возило „БМВ “, сопственост на Б.М.(27) од Скопје, а делумно било зафатено и возило „Тојота “. Извршен е увид.
На 24 јули 2019 во 19.30 часот во СВР Скопје, И.С. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.00 часот на улица „Максут Садик“ во Скопје, А.Ф. физички ја нападнал неговата ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Е.(43) од село Стрелци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.05.2019 во Медицински центар Кичево, пријавениот физички ја нападнал Г.Т.(50).