На 25.07.2019 околу 09 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Штип било пријавено дека Д.Ч.(42) од Штип, кој бил на издржување на казна затвор, починал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител. Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итната медицинска помош Штип и телото на починатото лице било предадено за обдукција.

На 25.07.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе акциска контрола за првенство на минување, во која се откриени вкупно 30 прекршоци (ТЕ-25 и ГВ-5).Најголемиот број од овие прекршоци(16) се однесувале на непочитување на сообраќајните знаци за првенство на минување. За констатираните прекршоци поднесени се соодветни поднесоци, мандатни и прекршочни, а во акциската контрола биле утврдени и 16 останати прекршоци, од кои 13 на тетовското и три на гостиварското подрачје.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 25 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, било констатирано дека девет возачи управувале возило без возачка дозвола, седум возила биле нерегистрирани , брзината ја надминале 18 возачи.
На 25.07.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Гази Баба, М.П.(56) од Скопје пријавила дека од СОС Детско село се оддалечила нивната штитеничка М.С.(17) од Скопје. Таа и претходно неколку пати самоволно се оддалечувала од установата и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 25.07.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е контрола на возачите околу првенство на минување во сообраќајот. Притоа, се регистрирани 12 прекршоци од кои три во Велес , еден во Кавадарци и осум во Неготино.
На 25.07.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола над возачи кои управувајки моторни возила вршат неправилно престигнување и обиколување. Во акцијата се констатирани осум прекршоци за кои се издадени осум прекршочни платни налози.
На 25.07.2019 во 21.50 часот на автопатот Табановце-Куманово, кај обиколница Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди Q7“, но возачот не застанал и побегнал со возилото. После тоа, по пребарување на теренот, во близина на влез на село Лојане, биле пронајдени 21 мигранти од Пакистан, Ирак и Сирија, кои биле предадени во Транзитниот центар Табановце за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.07.2019 околу 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ бил нарушен јавниот ред и мир од лицата Г.Д.(35) и Ј.А.(29) во врска со љубовната врска помеѓу Ј.А. и внуката на Г.Д.. Притоа, Г.Д. со остар предмет му нанел повреда на Ј.А. во пределот на раката. Тој бил пренесен во општата болница во Охрид, додека Г.Д. бил приведен и задржан во СВР Охрид и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.07.2019 во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Трипун Хаџи Јанев“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(49) од Скопје и Д.К.(26) од Свети Николе, кои претходно биле заедно излезени. Д.К. со остар предмет му нанел телесни повреди на Д.Н., по што побегнал. Д.Н. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош. Подоцна, Д.К. сам се пријавил во Полициската станица Гази Баба и се пожалил на повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Таму, тој почнал да се однесува агресивно и физички нападнал полициски службеници. Потоа Д.К. е задржан во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.
На 25.07.2019 во 22.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.Н.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на левото колено.
На 26.07.2019 околу 04.10 часот Ж.Ж. (37) во казино во Кочани физички го нападнал Б.Д., а потоа и З.З.. Исто така, Ж.Ж. телефонски упатил закани до полициски службеник кој не бил на работа. Ж.Ж. физички нападнал и вработени во обезбедувањето на казиното и извадил пиштол и испукал. Веднаш по добиената пријава упатени се полициски службеници на местото на настанот и на ул. Димитар Влахов го пресретнале Ж.Ж и му наредиле да застане и како предупредување испукале два куршуми во воздух, но Ж.Ж. не застанал туку испукал два куршуми во воздух и се дал во бегство. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.07.2019 во 13.55 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во село Сарај, скопско, Б.С. физички го нападнал неговиот татко Н.Х.. Се работи на расчистување на случајот.
На 26.07.2019 околу 00.15 часот во Полициската станица во Виница било пријавено дека на градскиот базен, Н.Е. од село Блатец, виничко и неколку непознати лица физички го нападнале Д.Ф.(20) од Швајцарија, со привремен престој во село Чифлик. Се работи на расчистување на случајот.
На 25.07.2019 во 05.00 часот во Полициската станица Штип 77 годишен маж од Штип пријавил дека истиот ден во семејниот дом во Штип со неговата сопруга, во периодот од 02.30 до 03.00 часот биле физички нападнати од нивниот син С.З.(48) од Штип. Лицето е лишено од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2019 во 15.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.В.(49) од Скопје пријавила дека нејзиниот брат М.С.(61) од Скопје се оддалечил од дома и дека има сознанија дека отишол во Бугарија.Направени се проверки и утврдено е дека лицето ја напуштило РСМ кон Бугарија и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
На 26.07.2019 околу 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во киоск на улица „Мирче Ацев“. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен увид.
На 25.07.2019 во 08.44 часот во Полициската станица Гевелија, од болницата во Гевгелија било пријавено дека кај нив би донесен починат С.Р.(23) од с.Казандол, валандовско. Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека сечел дрва со моторна пила во атар на с.Серменин и потоа починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.М.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кдело „злоупотреба на службена положба иовластување“. На 04.06.2013 пријавениот, во својство на управител на техничка служба ЦВО Охрид, постапил спротивно на одредбите од Правилникот за идентификација за техничка состојба на возила, при што потпишал согласност за регистрација на возило, иако за истото немалосоодветна документација, со што на М.З. од село Србица му овозможл да јаискористи погодноста за увоз и регистрација на возило од странство.
На 25.07.2019 во 15.15 часот во Полициската станица Карпош, Л.Т.(67) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син З.Т.(41) од Скопје. Се преземаат емрки за пронаоѓање на лицето.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Х.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на 2019 на социјалната мрежа „Facebooк“, пријавениот креирал лажен кориснички профил на име И.С. и во негово име комуницирал со негови пријатели, нанесувајќи му штета на честа и угледот.