
На 05.03.2019 година на место викано „Влашки ливади“ во Виница пријавениот запалил стрниште, при што настанал пожар кој се проширил на соседната нива и склад за дрва кој го користи приватна фирма. МВР денеска соопшти дека притоа биле опожарени 227 кубни метри багрем, 99 кубни метри даб и 49,5 кубни метри бор, а оштетени биле и товарни возила, приколка и друго, со што била причинета материјална штета од 2.055.040 денари . Во пожарот бил зафатен и деловен објект сопственост на Н.И. од село Истибања, при што биле оштетени ПВЦ столарија, ѕид и кровната конструкција, со што била причинета материјална штета од 254.450 денари.
Во текот на април годинава, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на тетовското подрачје вкупно откриле и соодветно санкционирале 1506 сообраќајни прекршоци од контролираните 4586 учесници во сообраќајот. Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќaјот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 123 возила.Најмногу од исклучените возила (100) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 22 утврдена е техничка неисправност и кај еден претовар. Oд сообраќај се исклучени и 230 возачи, од кои 126 кои управувале без возачка дозвола, 16 со несоодветна категорија, 6 со важечка забрана, 79 возачи-почетници.
Синоќа околу 22.20 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода Р.А.(32) од тетовското село Одри. Кај него бил пронајден хероин и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби. Претходно, од слобода бил лишен и Н.И.(25) од тетовското село Боговиње поради сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.05.2019 година во 03.05 часот на автопатот Градско-Велес, на наплатната рампа „Стоби“, патничко возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од за сега непознато лице, удрило во сензорска рампа на втората наплатна кабина, ја оштетило и го напуштило местото на настанот. Извршен бил увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.
На 02.05.2019 година во СВР Скопје во 11.30 часот, В.Л.(30) од Битола пријавил дека истиот ден околу 10.50 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од негов колега Б.Ш.(42) од село Градец, гостиварско. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир .
На 02.05.2019 година во 16.00 часот во СВР Скопје, С.Р.(50) и М.В.(46) од Скопје пријавиле дека истиот ден околу 15.00 часот нивните малолетни деца во кафе бар на улица „Скоевска“ во населбата Радишани биле физички нападнати од лицето В.Т.(35) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 02.05.2019 година во 12.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клинки „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено едногодишно дете. И.С.(34), татко на детето, пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот, откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребаница на лицето, очите и ушите и според кажувањето на воспитувачката од градинката на детето повредите му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.05.2019 година од полициски службеници од СВР Штип е пронајдена и вратена дома С.Ј.Н.(33), за која на 25.04.2019 година нејзиниот брат Д.Ј.(43) од Штип пријави дека се оддалечила од домот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.К.(39) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.Т.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „помагање“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 16.02.2013 година до 08.11.2017 година пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Градски пазар“ Охрид, во 44 наврати подигал парични средства за гориво и дневници за службено патување, по што не приложил соодветна документација за оправданост на истите. Притоа, во периодот од 2014 година до 2017 година, второпријавената, како сметководител во наведеното јавно претпријатие, подигнатите парични средства од првопријавениот ги оправдувала со патни налози од истиот, со што пријавените нанеле штета од 313.020 денари на јавното прептријатие.
На 02.05.2019 година во периодот од 09.20 часот до 12.40 часот во Полициската станица Гостивар, Л.З.(68), С.С.(61),П.Ј.(24),Е.С.(57) и Б.А.(62), сите од Гостивар, пријавиле дека истиот ден помеѓу 08 и 09.00 часот во близина на спортската сала во Гостивар биле каснати од кучиња скитници.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.П.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.10.2018 година во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.А.(26) од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 01.05.2019 околу 01.00 часот, при преглед на патничко возило „опел“, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле 13 лица – мигранти.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(53) од Зрновци поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2012 до 2017 година пријавениот, како директор на Комуналното јавно претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, во 43 наврати, спротивно на Законот за јавни набавки, ангажирал 22 правни лица за набавка на стоки и услуги, за износи помали од 30.000 денари, при што вкупните поединечно фактурирани износи од истите го надминувале законскиот лимит на годишно ниво.
На 02.05.2019 година во 23.50 часот во Полициска станица Чаир, Д.Т.(54) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила С.Џ. (15), чиј старател е. Според пријавителот, С.Џ. заминала со нејзин пријател. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 02.05.2019 година во 12.15 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Г.(71) од Скопје пријавила дека на улица „Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.