
Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.Б.(30), В.П.(34), Е.О.(64) и С.О.Т.(32), сите од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 01.01.2014 до 20.11.2017 година првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комунален сервис“ – Валандово, без одлука на управен одбор, одобрувал исплата на парични средства, во вид на аванси, на повеќе вработени во наведеното јавно претпријатие. Притоа, во периодот од 01.01.2014 до 02.02.2015 година, третопријавената, како благајник во наведеното јавно претпријатие, и во периодот 11.02.2015 до 30.10.2018 година четвртопријавената, како благајник во наведеното јавно претпријатие, вршеле исплата на парични средства, во вид на аванси, на вработени без приложена соодветна документација, додека за дел од исплатените средства не воделе ниту сметководствена евиденција. Исто така, во периодот од 21.11.2017 до 30.10.2018 година, второпријавениот, како директор на ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, без одлука на управен одбор, одобрувал исплата на парични средства, во вид на аванси, на повеќе вработени во наведеното јавно претпријатие.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Р.(22) и М.С.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 24.04.2019 година во Прилеп на улица ,,Октомвриска“, по претходна сообраќајна незгода, пријавените физички го нападнале С.Ш.(52) од Прилеп.
На 08.05.2019 година во 01.45 часот во СВР Скопје, О.Б.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00.50 часот на улица „Џон Кенеди“ бил физички нападнат од С.Н. и уште неколку други лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 08.05.2019 година во 01.00 часот во Полициската станица Карпош, од ЈУ Организациона единица Козле- Центар за социјални работи било пријавено дека во непознат правец се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17), кој претходно десетина пати се оддалечувала и враќала во институцијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.В.(41) од Крива Паланка и М.Т.(32) од село Конопница, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение поради сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 10.02.2017 година до 14.02.2017 година, второпријавената во својство на правник на детска градинка „Детелинка“ во Крива Паланка, по усна наредба на првопријавената – в.д директор на градинката, извршила корекција во оргиналниот договор за вработување на определено работно време од една година склучен со В.С.(46) за работно место-неговател во наведената институција, по што таа била отпуштена од работа на 29.12.2017 година, односно месец и половина порано од времето за кое склучила договор.
СВР Тетово поднесе известување против Д.Д.(17) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 07.04.2019 година околу 02.00 часот во Тетово, пред угостителски објект на ул.„’29-Ноември’’, пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.М.(49) од село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 06.05.2019 година на ул.,,Пролетерски Бригади“ во Струга пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.У.(21) од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.09.2018 година во село Неготино, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед над лица и патничко возило „Голф“, управувано од пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана.
На 08.05.2019 година во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Христо Чернопеев“ настанал пожар во кој биле опожарени возило „Хонда Акорд“, сопственост на Ф.Н.(33) од Скопје и возило „Опел Астра“, сопственост на Б.Н.(64) од Скопје. Извршен е увид.