Според наводите на пријавителот, нападот престанал кога на местото на настанот се појавил братот на нападнатото дете, по што малолетникот Ј.С. побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.
Б.Ј. (47) од Крушево, шумски полицаец во ШПС-Крушево, вчера во 22 часот во Полициската станица Крушево пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, истиот ден околу 17.50 часот пријавителот бил излезен на терен во атар на село Локвени, каде се случувала кражба на огревни дрва.
Откако со службеното возило се упатил кон манастирот „Св.Атанасие“, забележал трактор во движење со две лица, Движејќи се по патот, наишол на патничко возило „застава 101“ без регистарски таблички, до кое имало околу половина кубик нежигосани дабови огревни дрва.
Во истиот момент зад него пристигнал тракторот со двете лица, кои почнале да му упатуваат закани и навреди, по што се симнале од тракторот, зеле по едно од исечените дрва покрај возилото и почнале да му се закануваат дека ќе го нападнат. Притоа едно од лицата го удrило со дрво по градите. Пријавителот бил принуден да се повлече по што заминал кон село Локвени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
С.П. (48) од Скопје вчера во 23.15 часот пријавил дека истиот ден околу 23 часот на ул. „Методија Андонов Ченто“ физички бил нападнат од три непознати машки лица.
Тие го удриле повеќе пати во пределот на главата и лицето при што му се нанесени видливи повреди. Според кажување на пријавителот, до физичкиот напад дошло поради меѓусебно нетрпение по претходна расправија околу сообраќајна незгода.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вработен во Територијалната противпожарна единица од Кочани вчера во 21.50 часот пријавил дека на ул. „Стево Теодосиевски“ во Кочани од пожар било зафатено патничко моторно возило „ситроен пикасо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лицето Т.Л (53) од Скопје.
Пожарот избувнал во пределот под уредот за управување и ја зафатил електричната инсталација, по што возилото само се придвижило наназад и удрило во соседната зграда. Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Кочани. По овластување на Јавен обвинител, извршен е увид на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Д.М. (71) од Кичево денеска во 9.45 часот во Полициската станица во Кичево пријавила дека денеска околу 9 часот кај влезот од старите православни гробишта на ул. „Рудничка“ во Кичево била нападната од куче-скитник.
Нанесена и е повреда на левата нога, по што се упатила во Медицинскиот центар-Кичево каде и била дадена медицинска помош и повредата и е санирана.
М.А. од село Дабиле денеска пријавил во полициска станица во Струмица дека во 3 часот додека вршел обезбедување во угостителски објект во Струмица забележал непознато машко лице видно под дејство на алкохол кое почнало да крши чаши на подот и недолично да се однесува внатре во објектот, вознемирувајќи ги присутните гости.
Од страна на обезбедувањето бил отстранет од објектот. Полициски службеници утврдиле дека пријавениот е бугарски државјанин К.Б. (39), кој е приведен и задржан во Полициската станица во Струмица, и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
