Во Полициската станица во Тетово вчера во 15.40 часот биле приведени лицата К.М.(35) и К.Н.(41), двајцата од Република Албанија, поради непријавен престој во Република Северна Македонија. Лицата се задржани во полициската станица за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 27.6.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Утврдено е, стои во соопштението, дека двајца возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила , брзината ја надминале 11 возачи од исконтролираните возила. На мобилен телефон разговарале четири возачи,а додека двајца други не користеле сигурносен појас.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца и дозвола од надлежен орган”. При акциска контрола вчера во објект во Тетово, полициски службеници го затекнале А.Р. како приредува забавни игри и игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.С.(27) од струмичкото село Петралинци, осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.12.2017 година полициски службеници извршиле претрес во домот на Н.С., при што пронашле и одзеле марихуана, семки и стебло од растението канабис.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(30) од село Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 25.09.2018 година на ул.„Илинденска“ во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 27.06.2019 во 18.40 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(63) од Гостивар, удрило во Б.И.(60) од Гостивар. Б.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на Ургентното одделение во Гостивар каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.
На 28.06.2019 година во 02.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, О.Г.(44) од с Волково, скопско пријавил дека на ул.„60“ во село Волково, тој и неговата внука биле нападнати од две кучиња, кои излегле од дворот на неговиот сосед Н.Н., при што едното го каснало во пределот на десната нога. Се работи на расчистување на случајот.
На 26.06.2019 година во 20.25 часот во Полициската станица Аеродром, Е.К.(23) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот во угостителски објект на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје била физички нападната од М.Г.(29) од Скопје, со кој од претходно се познавала. Се работи на расчистување на случајот.
На 27.06.2019 година во 11.20 часот во Полициската станица Чаир, А.Д. од Скопје пријавил дека на 26.06.2019 година околу 23.00 часот на ул.„Селачка Планина“ физички бил нападнат од неговиот брат С.Д.(46) и неговиот внук Б.Д.(23). Се работи на расчистување на случајот.
МВР во денешното соопштение посочува дека на 27.06.2019 година во 07.30 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата А.А.(49) од Скопје и Е.А.(18) од Скопје, од една страна и А.Х.(59) од Скопје и Ш.А.(32) од Скопје, од друга страна. Се работи на расчистување на случајот.
На 27.06.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Центар, сопственик на угостителски објект во центарот на Скопје пријавил дека истиот ден во 10.50 часот во угостителскиот објект дошло непознато лице и упатило закани кон вработените. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 10.05.2019 година на локалниот пат за с.Фалише пријавениот физички го нападнал Ј.М.(23) од Тетово.