МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај

Полиција влезе во општините Чаир и Сарај - се „чешлаат“ дивоградби

од Nikola Popovski
149 прегледи

Запрашан во кои општини се „чешлаат“ дивоградби и дали припадници на МВР влегле во Општина Чаир, министерот за внатрешни работи, Панче тошковски информира дека една од општините во кои што во текот на вчерашниот ден е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е и токму општината предводена од градоначалникот Висар Ганиу.

-Една е исто така општина Сарај и полициски службеници од МВР во текот на вчерашниот ден имаат влезено во Општина Аеродром за да обезбедат одредени докази поврзани со бесправна градба. Kолку што имам информации, вчера или денес исто така ќе се влезе и во рамки на Општина Кисела Вода. Засега не би можел да споделам информација во врска со официјални документи. Ова се тековни работи на МВР. Секојдневно се постапува, рече денеска Тошковски.

Доколку се утврди дека постојат дивоградби, министерот рече дека ќе се постапи согласно закон односно ќе бидат предмет на уривање.

Слични содржини