Член на избирачки одбор на избирачко место 2546 во ОУ „Кирил и Методиј“, во Скопје, пријавил денеска инцидент во полиција.

Како што изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски, С.С. член на избирачки одбор пријавил дека имало вербална расправија.
Се работи на расчистување на случајот.