МВР: Да не се шпекулира со имиња додека трае истрагата за пронајденото оружје во Чаир

од desk2
89 прегледи

Министерството за внатрешни работи попладнево апелираше додека трае истрагата да не се шпекулира со имиња и адреси за случајот со пронајденото оружје во подрумските простории во населбата Чаир.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по насоки на јавниот обвинител, се работи на расчистување на случајот со пронајдената муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир во Скопје, се наведува во соопштението.

Од МВР истакнуваат дека по расчистување на случајот, јавноста ќе биде информирана за сите детали.

Слични содржини