441
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер, му бил издаден македонски пасош. Потсетуваме и дека случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат, се вели во демантот на МВР.
ВМРО ДПМНЕ тврди дека министерот Оливер Спасовски му издал легален македонски пасош но под друго име на Радоје Звицер.
Инаку МВР на Србија соопшти дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ а токму Звицер бил човекот кој требало да го изврши.