МВР е блиску до расчистување на случајот со заканите за бомби во Делчево

од Nikola Popovski
165 прегледи

Се формираше работен тим кој што ќе се состои од повеќе институции кој што ќе работи во делот на спречување на сајбер-нападите. Во оперативниот тим се вклучени БЈБ, АНБ, АЕК, АР и други институции бидејќи сабјер-нападите и заканите се дел од најтешките кривични дела во делот на државната власт и покажува дека сите ние треба да се вклучиме во борбата, рече министерот на внатрешни работи, Оливер Спасовски за можност од разрешница на случаите со лажни дојави за поставени бомби.

Според Спасовски, МВР е во фаза на расчистување на случајот со закани за бомби во Делчево.

-Хибридните закани кои што доаѓаат се напади за кои што сите заеднички треба да дадеме одговор. Ова е важно колку треба да се градат капацитетите на сите институции, со цел да спречиме идни хибридни закани, обелодени денеска министерот при посетата на СВР Куманово.

Слични содржини