Фондацијата Метаморфозис ги презентираше резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт. На настанот учествуваа претставници од државните институции, невладиниот сектор итн. кои ги презентираат своите ставови и мислење за отвореноста на македонските институции како и предлози како таа да се унапреди.
-Претставниците на Метаморфозис ги презентираа резултатите на Индексот на отвореност на извршно ниво. Како и минатата година, после Владата која исполнува 82.71% од поставените критериуми за отвореност, најтранспарнетни се Министерството за Одбрана со 81.88% и Министерството за внатрешни работи со 76.10% исполнетост на индикаторите за отвореност. Тоа покажува исклучителна транспарентност на институциите во Република Северна Македонија во споредба со минатото и во споредба со институциите во регионот во кои министерствата исполнуваат помалку од половина од поставените индикатори – во Црна Гора 48,17 %, Србија 46,82 %, Босна и Херцеговина 38,5 %, велат од МВР преку соопштение.
Транспарентноста е исклучително важен фактор во имплементацијата на антикорупциските политики и проактивноста на институциите овозможува граѓаните, граѓанските организации и претставниците на медиумите полесно, побрзо и поефикасно да добиваат информации за работењето на институциите, како и да вршат контрола врз нивното работење.