МВР ги презема сите потребни активности кои се однесуваат во насока на обезбедување мир и стабилност во државата, вели Спасовски

од Radmila Tasevska
151 прегледи

На својот Фејсбук профил, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски напиша дека врвен приоритет за нас е да се сочува безбедноста стабилноста на граѓаните од една страна, и второ да имаме навистина достоинствено одбележување на еден великан како што доликува на Гоце Делчев.

„За нас е врвен приоритет да се сочува безбедноста стабилноста на граѓаните од една страна, и второ да имаме навистина достоинствено одбележување на еден великан како што доликува на Гоце Делчев.

МВР ги презема сите потребни активности кои се однесуваат во насока на обезбедување мир и стабилност во државата, како и за конкретно посочениот настан – тогаш и таму каде што ќе се процени дека треба да има поголемо присуство на полицијата, тоа ќе го има и за тоа упатувам порака на смиреност до сите граѓани.

Тука се институциите на системот коишто функционираат и кои мора да ги обезбедат овие очекувања кои ги имаме. Затоа, мора да упатиме јасна порака до сите политичари и политички субјекти да бидеме одговорни во овој процес. Ова е состојба во која мора да бидеме сите одговорни, бидејќи мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас“, пишува во објавата на Фејсбук профилот на министерот Оливер Спасовски.

Слични содржини