Првиот човек во македонската полиција, Оливер Спасовски денеска информира дека МВР го расчистило случајот со нападот на копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“, Бекир Кадриески. Како што рече министерот, полицијата реагирала брзо и ефикасно.
-Важно е дека брзо и ефикасно се делуваше при што е приведен напаѓачот. Земени се изјави. Пријавата и земањето на изјавата од оштетениот беше во медицински центар. Таму беа полициските службеници. Известен е и јавниот обвинител и по прибирање на сите материјални докази, ќе бидат поднесени пријавите. Така да, овој случај е расчистен, кажа Спасовски.
Се уште останува нејасно дали претепувањето се случило од омраза поради тоа што Кадриески се декларирал како граѓанин со бугарска самосвест, како што пишуваат бугарските медиуми и дел од бугарските политичари.