МВР: Хартиите на Заев се лага

од Vladimir Zorba

Хартиите со кои денеска манипулираше четвртоосомничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш ниту незаконски следеле ниту правеле анализи на новинари, реагира МВР по прес конференцијата на лидерот на СДСМ.

МВР тврди дека во целост ги почитувало Уставот и законите на Република Македонија.

„Сме работеле согласно истите. Најостро ги демантираме сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев. Истиот се товари за најтешки дела против државата и граѓаните и во судска постапка по опертивната обработка „Пуч” согласно Законот ќе добие можност да ја даде својата одбрана за материјалите за кои изјави дека му биле дадени од странска служба. Со денешната пресуда започна разврската во акцијата „Пуч” и се поочигледно станува дека четвртоосомничениот Зоран Заев почнува да се губи и да тоне обидувајќи се да исконструира се поголеми лаги“, се вели во соопштението на МВР.

loading...

Слични содржини