МВР и ОЈО добиле пријава за фалсификат за информацијата за оставка на Димитров

од desk2
87 прегледи

Министерството за надворешни работи доставило пријава до МВР и до ОЈО за фалсификат и можна злоупотреба на одредена институција и начин на комуникација во врска со вчерашото лажно соопштение за оставка на шефот на дипломатијата Никола Димитров, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.


Телевизијата 24 Вести, вчера, во пладневниот весник, објави дека шефот на дипломатијата си поднел оставка по неуспешниот референдум во неделата, со кој не се прифати договорот со Грција, чиј потписник е лично.
На тоа реагираше МНР, испраќајќи демант до медимиуте, најостро осудувајќи ги, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести.

– По добиената пријава ќе пристапиме кон работа, важно е да се утврди фактичката состојба. Лажните вести и говорот на омраза станаа нешто на кое се темелат информациите, рече денеска Спасовски.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров по лажната вест дека поднел оставка од функцијата по референдум вчера на неговиот Фејсбук статус објави дека почнале специјална војна против него.
– Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и дошло времето. Ќе ни ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни ја биде, напиша Димитров.

Слични содржини