316
На денешната средба помеѓу Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и генералниот директор на АД Пошта, Јани Макрадули, разговарале за интензивирање на соработката помеѓу овие две инситуции.
Како што информираат од МВР, двете страни е истакната потребата од формирање работна група која би ги разгледала сите евентуални пречки за испорачување на личните документи на граѓаните на домашна адреса, како и за можните предизвици и насоки за заживување на електронската трговија.
„Министерот Спасовски ја потенцираше поддршката од страна на Министерството за внатрешни работи, како и досега, со единствена цел, граѓаните побрзо и поефикасно да ги добиваат личните документи на домашна адреса“, се вели во соопштението од МВР.