МВР: Контрола на семафорите има Град Скопје

од Radmila Tasevska
340 прегледи

По сообраќајниот колапс во главниот град се огласија и од МВР. Преку соопштение до медиумите тие велат дека надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот имал Град Скопје.

„Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).

Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен“, соопштија од МВР.

За потсетување, од 15 до 18 часот, попладнево во Скопје имаше голем сообраќаен хаос. Граѓаните не можеа да пристигнат во своите домови со часови, а некои деца останаа заглавени во училиштата и градинките.

Слични содржини