221
Во врска со информацијата обајвена во дел од интернет порталите дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните, Ве известуваме дека во СВР Велес ниту е пријавен таков настан ниту пак е постапувано за таква работа, соопштија од МВР.
– Апелираме до овие медиуми да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк. За сите потребни информации стоиме на располагање на медиумите, се вели во демантот на МВР.