МВР: Лажни се дојавите за бомби, завршија сите потребни проверки

од Radmila Tasevska
123 прегледи

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи, завршија сите потребни проверки Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во институции, училишта, хотели и згради во Скопје и едно училиште во Прилеп, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Слични содржини