МВР на добар пат да открие неколку предизвикувачи на пожари

од Nikola Popovski
381 прегледи

МВР засилено работи во пронаоѓање на причинителите на пожари и веќе се на добар пат да откријат неколку предизвикувачи. Ова синоќа го истакна првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов во обраќање од источна Македонија каде што во моментов има најголем дел од вкупниот број на пожари во земјава.

Тој информира дека рано утрово ќе се направи обид за гаснење на пожарот во Пехчево со домашните летала.

-Состојбата е крајно несериозна. Имаше повеќе од 50 пожари што досега е најголем број на дневна основа. Секој ден се појавуваат нови. Апелирам до граѓаните да бидат внимателни во нивното однесување, а земјоделците и сточарите да не палат стрништа и пасишта, рече меѓу другото Ангелов.

Досега две лица се осомничени за подметнување на два пожари, изјави неодамна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и додаде дека се преземени чекори за откривање на вистината и за понатамошно процесуирање на случаите до надлежните органи.

Слични содржини