МВР: Немало употреба на физичка сила врз таксистите во Гевгелија

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат информациите дека денеска имало судир меѓу полицајците кои ја обезбедувале пругата  и таксистите кои протестираа во Гевгелија.

мвр хелио

– Полицијата не употребила сила ниту пак имало потреба од такво нешто, кога им објасниле на таксистите дека треба да се тргнат од пругата тоа се случило – вели Деана Недељковиќ од одделението за информирање во МВР.

Според неофицијалните информации на еден од таксистите му се слошило, но не заради тоа што врз него била употрбена сила, туку заради тоа што има хронично заболување. Тој се онесвестил и бил пренесен во болница.

Од МВР велат дека и целиот настан го имаат документирано со снимка, но дополнително ќе проценат дали снимката ќе биде објавена во медиумите.