МВР: Оваа година 474 мажи извршиле телесна повреда или загрозување на сигурноста, 223 се сопрузи

Во овој временски период, имало вкупно 512 извршени вакви кривични дела и од жени и од мажи. За време на кривичното дело, 80 извршители биле под дејство на алкохол, а 176 биле растроени, соопштија од МВР за „Локално“. 

од Бисера Трајковска
11 прегледи

Во периодот од јануари до јуни 2025 година, вкупно 474 мажи извршиле кривични дела. Од нив, 310 извршиле телесна повреда, 147 загрозување на сигурноста, а еден извршил убиство во обид, соопштија од МВР за „Локално“.

Во овој временски период, имало вкупно 512 извршени вакви кривични дела и од жени и од мажи. Вкупно 55 жени извршиле кривични дела во овој временски период.

За време на кривичното дело, 80 извршители биле под дејство на алкохол, а 176 биле растроени.

Табеларен приказ за извршени кривични дела. Извор: МВР

Кривичното дело четворица го извршиле со огнено оружје, 62 со ладно оружје, а 420 со физичка сила или закана.

Б.Т.