Министерството за внатрешни работи се уште врши анализа за видот на експлозивот кој одекна во близина на владината зграда на Илинденска во петокот вечерта.
Нема ниту информации ниту за тоа дали се работи за проектил истрелан од близина или од подалеку.
Од експлозијата не е причинета никаква материјална штета.Нема ни сознание кој тоа пука!?
Овој за МВР терористички напад , на социјалните мрежи беше изсмеан, голем дел сметаат дека експлозијата е лажирана од оние кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од виститинските експлозии и бомби на опозицијата, и тие кои сакаат да предизвикаат немир и раскарување и страв кај граѓаните.
Ова е трета бомба или стрелање врз зградата на владата и МВР и никако да се најде кој е тој што пука врз владата. Вообичаено се прави само анализи и балистички извештаи и се завршува тука. Веројатно така ќе биде и со последната ова експлозија.
