МВР поднесе пријави против двајца службеници за „примање поткуп“

299 прегледи

Попладнево од МВР информираа дека одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при ресорното министерство, поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници
Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.

„Полициските службеници за да не извршат службено дејствие кое морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, кои што по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот“, посочија од МВР.

Инаку, против полициските службеници до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава и тие се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

Слични содржини