МВР потврди дека се работи за женско лице: Груби не знае кој е мотивот за оштетениот автомобил

306 прегледи

Полицијата постапува по случајот во кој вчера на првиот вицепремиер на Владата и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, му беше оштетен автомобилот.

МВР соопшти дека станува збор за 38-годишната В.Ј. која веднаш по инцидентот била приведена.

Околу 12:00 часот пред Собрание од страна на В. Ј. било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ пасат сопственост на Влада на Македонија. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во Полициската станица во Центар. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Во инцидентот нема повредени, а не се познати ниту мотивите на жената.

Слични содржини