Министерството за внатрешни работи денeска поднесе кривична пријава против новинарот и уредник на Портал х Фуркан Салиу. Салиу и уште едно лице се осомничени за спречување службено лице во вршење службено дејствие.
-Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот за кој прашувате, на 11.04.2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 од КЗ, потврдија за МИА од МВР.
Новинарот Салиу на неговиот фејсбук профил објави дека бил информиран за кривичната пријава и оти смета дека делото против него не може да се докаже.
-Само што не информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период, вели Салиу кој воедно ги повикува релевантните институции и меѓународните организации да го сlедат развојот на ситуацијата.